„Ми-Да Гранд Моторс“ овозможи бесплатна услуга за сите медицински лица

Компанијата “Ми-Да Гранд Моторс“, препознатлива како овластен увозник и сервисер за Ford и Hyundai во нашата земја, реши да се вклучи во поддршката на здравствените работници во периодот кога тие се изложени на голем ризик обидувајќи се да помогнат во борбата со коронавирусот.

Затоа, на медицинските работници и сопственици на автомобил од брендовите Ford и Hyundai наредниов период ќе им биде овозможен бесплатен сервис, – информираат од македонската компанија.

– “Ми-Да Гранд Моторс“ се вклучува во поддршката на здравствените работници кои се овој период на првите линии во борбата со вирусот Covid-19.

– Ми-Да Гранд Моторс како дел од политиката за општествена одговорност овозможува бесплатна услуга (работна рака) при редовен сервис на возила од брендовите Ford и Hyundai за сите доктори/ки и медицински лица.

– Ги повикуваме сите кои работат во здравствениот сектор да не контактираат за да го закажат својот термин при што нашите специјалисти ќе обезбедат повеќе информации, – порачуваат од „Ми-Да Гранд Моторс“.

Комуникацијата се остварува преку телефонскиот број 02/3073-103 или преку линковите за Ford и Hyundai.

InterServer Web Hosting and VPS