Анџелина работи на програма против коронавирусот за тинејџери

Холивудска sвезда и претставничка за човекови права на ООН, Анџелина Џоли (44), ќе помогне во создавање програма на Би-би-си за пандемијата на коронавирусот за тинејџери, објави телевизијата.

BBC World Service објави дека ќе учествува како извршен продуцент на серијата BBC My World за тинејџери во светот за да создаде специјална дигитална содржина за пандемијата во текот на следните неколку недели. Содржината ќе биде објавена преку јутјуб-каналот на Би-би-си и глобалните платформи, вклучително и оние што не се англиски.

Ќе содржи совети како да се препознаат штетните дезинформации, искуствата на младите луѓе во услови на ограничено движење и совети за онлајн-школување.

„Толкави размери на неодење на училиште не се регистрирани уште од Втората светска војна“, рече Џоли во изјавата објавена од Би-би-си.

„Тоа е нешто што ќе го паметат целиот свој живот. Ова е нешто што постарите генерации не го доживеале. Начинот на кој децата го живеат ова време – од средствата и информациите до кои може да дојдат до начинот како да комуницираат и да си помагаат едни на други“, додаде таа.

InterServer Web Hosting and VPS