Бочварски за насилството во Штип: Одвратно и примитивно, најстрого да се казни

Градоначалникот на Штип, Благоја Бочварски, порача дека насилниците кои тепаа девојче мора најстрого да се казнат.

„Згрозен и потресен сум од снимките со крајно вознемирувачка содржина кои прикажуваат насилство врз девојче, а кои очигледно се случиле во нашиот град. Силно го осудувам овој одвратен, примитивен чин на насилство. Информиран сум дека службите веќе ги лоцирале сторителите на ова нечовечко дело и дека насилниците веќе се приведени. Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори“, – истакна Бочварски.

InterServer Web Hosting and VPS