Запленети 100 килограми канабис во Грција, уапсени Грк и Албанец

Во грчкиот регион Теспротија, полицијата заплени повеќе од 100 килограми канабис и уапси две лица, еден Грк и еден Албанец.

Теспротија е близу до границата со Албанија, а полицијата во петокот при рутинска контрола на возило пронајде 99 пакети канабис со тежина од околу 102 килограми.

Според „Катимерини“, уапсени се 40-годишен Грк и 36-годишен граѓанин на Албанија кои се обвинети за шверц со дрога.

Албанецот се соочува со други обвиненија поради нелегален влез во земјата, бидејќи претходно му бил забранет влез во Грција.

InterServer Web Hosting and VPS