Жителите на Вухан излегоа на улица, желни за свежи намирници

Во Вухан, каде во декември минатата година изби епидемија на коронавирус, жителите полека излегуваат од своите домови, желни лично да купат свежи намирници после неколкунеделен живот во изолација, што подразбира достава на стока.

Многу населби во градот се уште се одделени со пластични ѕидови високи два метри, кои се подигнати на почетокот на кризата со цел социјална дистанца и изолација на заедницата.

Поради тоа граѓаните на Вухан во целост беа препуштени на онлајн достава.

InterServer Web Hosting and VPS