Сместени 154 луѓе во карантин во хотелите на ЕСМ на Попова Шапка

Сместени се 154 лица во државен карантин во хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ на Попова Шапка, кои се кои се во сопственост на АД ЕСМ. Сместувањето е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден. Граѓаните се вратени со два лета од Виена, Австрија и од Базел, Швајцарија.

При приемот, лицата се контролирани и анкетирани од страна на медицинска екипа од Клиничкиот центар-Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР.

Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во „Елемтурс“, според пропишаните процедури и протоколи.

InterServer Web Hosting and VPS