Донација од кинеската полиција за вработените во МВР

Во рамки на повеќедецениската билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска преку кинеската амбасада МВР доби донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на вработените кои заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од вирусот „ковид 19“.

„Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значењето на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање заканите кои глобални импликации, и чии што последици можат да бидат погубни , доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно“, наведуваат од Министерството во соопштение.

Министерот Чулев, се вели во соопштението, изрази благодарност до пријателите од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ќе можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.

InterServer Web Hosting and VPS