Алаба ја одби понудата на Баерн за нов договор

Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба ја отфрли понудата на клубот за обновување на договорот, објави „Sport1.de”.

Според германскиот портал, 27-годишниот Австриец ја одбил почетната понуда на Баварците затоа што сметал дека е неприфатлива. Состојбата со продолжување на договорот е комплицирана од пандемијата на коронавирус.

Претходно беше објавено за интерес за Алаба од Барселона.

Оваа сезона Алаба има 28 натпревари на сите натпреварувања во кои постигна гол и направи асистенција.

InterServer Web Hosting and VPS