Затворени 14 локали во Тетовско што работеле спротивно на владините мерки

Тетово, 31 март- Вкупно 14 угостителски објекти се затворени во периодот од 24 часа, од 7 часот вчера до 7 часот изутринава на подрачјето на Тетово бидејќи работеле спротивно на пропишаните владини мерки локалите да не работат во насока на превенција од ширење на коронаворусот, соопшти денеска СВР Тетово. За сопствениците се изготвени соодветни поднесоци.

Во истиот период од 30/31 март од 7 до 7 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово откриени се две нови лица кои не ја почитувале, односно ја прекршиле одлуката за ограничено движење.

-Сите се лишени од слобода и задржани за целосно расчистување и документирање на случаите, по што ќе им се изготват соодветни поднесоци, по член 206 од Кривичниот законик, соопшти СВР Тетово.

Вкупниот број на лица кои не го почитувале полицискиот час изнесува 79 луѓе.

InterServer Web Hosting and VPS