Спенџарска: Ова е мојот прв роденден без луди забави до ниедно време!

Познатата макеоднска водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска денеска слави роденден. Овој пат таа слави сама, во домашна атмосфера, без луда забава.

Еве што порача таа на социјалните мрежи:

„Какви феноменални 11 месеци, со какви уште ПОфеноменални дестинации по светот, за на крај да седам цел месец дома и сама да си направам роденденски колачи … Па, чекај уште еднаш да се насмеам, кој би рекол, еј, ова е премногу добро!!

Ова е и мојот прв роденден без бакнежи и прегратки, без луди забави до никое време , буквално без никаква организација. И да ви кажам искрено, ми се допаѓа  Никогаш не сум чувствувала толку мир. Дали си доаѓа со годините, еве не знам, но времето поминато сама со себе го сметам за најкреативно и тоа е најдоброто нешто што можам да си го подарам. Плус и никогаш не сум сакала живот каков што имаат другите и тоа е мојот најголем благослов и најголема лична слобода. Одамна одлучив дека ќе имам ПРЕКРАСЕН живот каков што ЈАС сакам!! И до сега не можам да се пожалам 
Ова е мојот најубав роденден до сега, искрено! Дома сум, имам за јадење, имам здрава фамилија, среќна сум , што ми треба повеќе? Сериозно, тоа е тоа 

Праќам еден виртуелен бакнеж до сите  и ви благодарам за убавите честитки  Чувајте се и седете дома“

InterServer Web Hosting and VPS