Уапсен стружанец кој крадел за време на полициски час

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 31-годишник од овој град под сомнение дека сторил кривични дела тешка кражба и непостапување според здраствени прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, во неделата на 29 март, за време на полицискиот час во 16.35 часот, при контрола за спроведување на мерките за ограничено движење поради коронавирусот, полицијатa го затекнала пријавениот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга.

По дополнително преземени активности, констатирано е дека тој, претходниот ден, односно 28 март (сабота), извршил тешка кражба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување одзел повеќе видови електрични машини и апарати.

InterServer Web Hosting and VPS