СДСМ: С. Македонија од заробена држава стана светол пример во регионот

Во време на сериозна светска здравствена криза, Република Северна Македонија пишува нова историја, после долги години конечно оствари една од стратешките поставени уште во 1991 година.Нашата држава 30 земја членка на најмоќниот, најзначајниот военобезбедносен сојуз на светот – НАТО алијансата, велат од СДСМ.

Тие додаваат дека граѓаните на Северна Македонија денес се еднакви рамо до рамо со најмоќните и најсилните земји во светот.

Македонското знаме гордо се виори меѓу другите 29 земји од семејството на Северноатлатнската алијанса.Сите граѓани денес се сведоци на огромниот успех кој го постигнавме за само 2.5 години.Ова е уште едно признание за одговорните и успешни политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев. Од заробена држава до светол пример во регионот, земја партнер на демократскиот свет.Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.

Нашата држава продолжува по патот кон успесите, градејќи уште подобро општество и уште подобар живот за сите наши граѓани. Држава која ќе остане искрен и добар сосед со сите земји во нашиот регион, држава која што ќе ги зајакне своите капацитети и која ќе биде партнер на сите наши НАТО сојузници во глобалните предизвици за чување на мирот, објаснуваат од пратијата.

InterServer Web Hosting and VPS