Казна затвор од три години и шест месеци за Аљими и Гури од ДУИ, обвинети во „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска падна првата пресуда за функционери од ДУИ, кои беа обвинети од веќе згаснатото СЈО. Па така, пратеникот Ејуп Аљими и Исмет Гури се осудени на казна затвор од три години и шест месеци, како обвинети во случајот „Титаник 3“.

Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а обвинетит се гонеа дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Односно обвинителството тврдеше, а судот потврди дека обвинетите преправиле 13 записници и со тоа не се отсликала волјата на гласачите за градоначалник на општина Чаир.

Судијката, читајќи ја пресудата, рече дека со досудените казни правдата е задоволена.

Во судница не се појави Аљими, туку само обвинетиот Гури.

InterServer Web Hosting and VPS