За случајот „Транспортер“ денеска пресуда

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за предметот „Транспортер”, во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и уште 20-тина лица.

Обвинетите се гонат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Предметот беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска.

InterServer Web Hosting and VPS