Макси откри каква игра му приредил на Бенитез: Морав да го излажам за да потпишам за Ливерпул

Макси Родригез имаше долгогодишна кариера како репрезентативец на Аргентина, но исто така имаше фантастична интернационална етапа и играше за клубови како Атлетико Мадрид и Ливерпул.

Пред да направи трансфер на „Енфилд Роуд“, Макси беше капитен Атлетико откако мина пет сезони на „Висенте Калдерон“, но навраќајќи се на преселбата која ја имаше во Премиер лигата, Аргенгинецот сега откри дека морал да го изигра Рафаел Бенитез и да го излаже со цел да потпише со Ливерпул.

– Со оглед на тоа што за време на шпанската пауза знаев да се вратам во Аргентина, често го исклучував телефонот. Кога пристигнав во Аргентина, видов дека имам пропуштени доста повици од непознат број и од мојот агент. Му се јавив на агентот и тој ми кажа дека ме сака Ливерпул. Не ми беше лесно, во Атлетико имав се и бев капитен, ме третираа одлично, но сакав да се испробам и во Премиер лигата. Бенитез ми даде 48 часа за да му дадам одговор. Пред да се упатам за Англија, ме праша дали знам англиски, бидејќи тоа е многу важно за него, бараше сите да зборуваат англиски во соблекувалната. Му реков да не се грижи, дека знам со цел да не пропадне операцијата. Потоа, стигнав во Англија и дојде на ред пресот. Ми кажа дека ќе почне тој и дека потоа следам јас. Тогаш го застанав и му реков, Рафа мора да ти признаам нешто: „те излажав, не знам ниту збор англиски“. Ме нарече курвин син, се насмеавме, но потоа морав да научам англиски, – открива Макси кој од 2010-та до 2012-та година беше дел од Ливерпул.

InterServer Web Hosting and VPS