Румениге: Мора да го завршиме шампионатот, дури и ако следната сезона не започне пред зимата

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге смета дека сезоната треба да се одигра по завршување на пандемијата.

– Ако ова не е во спротивност со епидемиолошката состојба и политичката состојба, тогаш оваа опција треба да се разгледа доколку е потребно. Дури и ако тоа значи дека следната сезона не започнува пред зимата. Дефинитивно треба да ја играме оваа сезона заради спортска искреност, но, секако, за да ги задржиме економските штети што е можно пониски, изјави Румениге.

Претходно раководството на Бундеслигата ги прекина натпреварите поради пандемијата на коронавирус.

InterServer Web Hosting and VPS