Борел: ЕУ ниту во криза не ги заборава граѓаните од Западен Балкан

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, оценува дека во моментите на борба против невидена криза, како што е пандемијата на коронавирусот, ЕУ не заборава на граѓаните од Западен Балкан.

Жозеп Борел на својот блог пишува дека ЕУ, во борбата против кризата со Ковид-19 и нејзините последици, мора да покаже што значи европска и глобална солидарност.

„Солидарноста не може да биде збор што не подразбира обврска“, вели тој.

Истакнувајќи дека во време на справување со кризи, ЕУ не ги заборава граѓаните на Западен Балкан, Борел потсетува дека Унијата објави пакет фискална помош од 38 милиони евра за итна помош за набавка на медицинска опрема, нејзин транспорт и за тековни потреби граѓаните.

„Покрај тоа, ЕУ ќе пренасочи 374 милиони евра за социјално и економско закрепнување на регионот кога ќе заврши кризата, со цел да се зачуваат работните места, деловните активности, социјалните придобивки и да се продолжи животот на луѓето по пандемијата“, објасни тој.

Во однос на Северна Македонија, ЕУ предвиде итна помош од четири милиони евра, а за економско опарувавање од кризата на земјава ќе и бидат доделени дополнителни 62 милиона.

Споредено со другите земји од Западен Балкан, најголема е паричната помош која ЕУ ја издвојува за Србија – 15 милиони евра како итна помош и 78 милиони евра за економско закрепнување.

InterServer Web Hosting and VPS