Кен Мекалам е нов директор на МИ5

Владата на Велика Британија  го назначи Кен Мекалам за нов директор на МИ5, објави денеска британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател.

Мекалам е вработен во МИ5 веќе 25 години и бил задолжен за борба против терористички напади од Олимпијадата во Лондон во 2012 година.

Тој го замени Ендру Паркер кој во април оди во пензија.

InterServer Web Hosting and VPS