Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека постои и ризик за Полициската станица Петровец.

„Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено е дека имаме позитивни пет вработени во полицијата, а во Полициската станица Петровец постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба“, објави Нухиу на „Фејсбук“.

Според последните податоци од здравствените власти, во земјата има вкупно 259 лица заразени со коронавирус, а регистрирани се и шест смртни случаи. До денеска вкупно тројца пациенти се излекувани од Ковид-19.

InterServer Web Hosting and VPS