10 причини зошто денот да започне со 10 витамини

Има ли нешто подобро од тоа за појадок одеднаш да внесете 10 витамини и секој од нив да има свој придонес за подобрување на вашиот имунолошки систем? Сето ова можете да го постигнете соредовниот појадок во вашиот дом, преку консумирањето на млекото и јогуртот од Битолска млекара, кои во себе содржат 10 витамини.

Еден е добар за коските, друг за видот, трет за косата и така со ред. Во продолжение погледнете детално, што секој од витамините содржани во овие производи придонесува за вашето здравје, а со тоа ќе ја откриете и причината зошто денот треба да ви започне со чаша млеко или јогурт во комфорот на вашиот дом.

1. Б1

Овој витамин е неопходен за правилен метаболизам на јаглените хидрати, масти и протеини, а исто така е неопходен за правилна работа на нервниот и кардиоваскуларниот систем. Тиаминот го осигурува преносот на нервните сигнали, допринесува за правилен мускулен тонус и го подобрува менталното здравје.

2. Е

Овој витамин преставува антиоксиданс одговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи и кожа.

3. Б12

Овој витамин учествува во многу процеси во организмот. Се користи за производство на генетски материјал, игра улога и во мозокот и нервниот систем, ја зголемува енергијата, а помага и при формирање на црвени крвни клетки.

4. Б7

Овој витамин е важен и за организмот затоа што учествува во претворањето на одредени хранливи материи во енергија, односно врши синтеза на протеини, јаглехидрати и масни киселини. Исто така, има многу важна улога за здравјето на косата, кожата и ноктите.

5. Б5

Овој витамин е неопходен за нормален раст и развој на телото, производство на црвени и бели крвни зрнца, развој на нервниот систем и правилно функционирање на надбубрежната жлезда. Исто така, ја подобрува и хидратантноста на кожата и го забрзува зараснувањето на раните.

6. Б9

Овој витамин помага при делбата на клетките. Неопходен е за образување на плацента и за изградба на коскената срж на ембрионот. Исто така е корисен и за спречување на анемијата.

7. А

Овој витамин помага во растот и развојот на здрав коскен систем. Неопходен е за добрата состојба на непцата, забите, косата и ноктите, а исто така ја подобрува состојбата и функциите на кожата и кожните жлезди.

8. Б6

Овој витамин е неопходен за синтезата или метаболизмот на скоро сите неуротрансмитери – хемиски материи во улога на комуникациски средства меѓу нервните клетки.

9. Д3

Овој витамин има витална функција за одржување на целокупното здравје и благосостојба на организмот. Важен и одговорен е за здрави и силни коски.

10. Б3

Овој витамин е неопходен за метаболизирање на шеќерот, мастите и протеините, за создавање енергија и ќелиско дишење. Исто така делува и на психичкото здравје.

InterServer Web Hosting and VPS