САД ја надминаа и Кина по бројот на заразени од коронавирус

Според официјалните податоци бројот на заразени со Ковид-19 во САД ја надмина цифрата на случаи во Кина каде денеска забележани се вкупно  81.255 случаи со дневно зголемување од само 67 случаи, а во последните денови зголемувањето е меѓу 50 до 70.

Во САД за еден ден регистрирани се речиси 14.000 инфицирани, а вкупно нивниот број изнесува 85.594, од кои 1.300 починаа, а во критична состојба се повеќе од 2.000 пациенти.

Во Лос Анџелес забележани се над 400 нови случаи, а деветмина починаа. Во градот за сместување на пациентите е подготвен и Конгресниот центар, како еден од најголемите болнички приватни центри на 67.000 метри квадратни.

Во последните 24 часа бројот на новозаразени лица во светот се се искачи на 532.912, а починаа 24.093. од почетокот на пандемијата, досега оздравеа 124.380 лица.

InterServer Web Hosting and VPS