Ди Ливио: Има само еден начин за да се спаси италијанскиот фудбал

Поранешниот италијански репрезентативец и легенда на Јувентус и Фиорентина, Анџело Ди Ливио верува дека постои само еден начин за да се спаси фудбалот во Италија.

Во Италија поради коронавирусот не се игра фудбал и прашање е кога ќе има услови за да се продолжи шампионатот. Има такви кои велат дека треба да се заврши оваа кампања, но има и луѓе кои сметаат дека оваа кампања треба да се поништи и да се почне од почетокот натпреварувачката 2020/2021.

Ди Ливио е од втората група, односно смета дека е вистинското и логично решение во оваа ситуација.

-Дојде време се да се затвори и да се откаже сезоната. Нема смисла да се игра, луѓето размислуваат за сè, освен на првенството. Не е сигурно кога ќе може да продолжи, многу натпревари ќе се преклопат и целиот систем ќе има потешкотии, имајќи предвид дека следната година ќе се игра Европско првенство. Правилно е да ја откажеме сезоната и започнеме одново во јули или август. Ова е единствениот начин да се спаси италијанскиот фудбал, -истакна Ди Ливио.

InterServer Web Hosting and VPS