Алијанса за Албанците: Владата да преземе конкретни мерки и во затворите

Одделот за правда на Алијансата за Албанците изразува загриженост за состојбата во затворите во Македонија и поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот предлага времено пуштање на затворениците.

„Во затвор многу луѓе може да бидат сместени во една ќелија. Затворските сали за собир се тесни (затоа што на овој начин се олеснува контролирањето на затворениците). Нема простор за физичко растојание или пак простор за почитување на другите препораки за спречување на ширењето на вирусот.

Една инфекција во еден затвор може да го оптовари здравствениот систем, бидејќи стотици луѓе можеби имаат потреба од медицинска нега што самите затвори не можат да ја обезбедат.

Затоа предлагаме привремено да се ослободат затворениците, контрола и тестирање на сите затвореници, подобрување и одржување на соодветна хигиена на затворениците и вработените во затворите и откажување на сите активности, програми и посети, заменувајќи ги со видео разговори и телефонски разговори секогаш кога е можно.

За навремено спречење на вирусот, ја повикуваме владата да преземе конкретни мерки во однос на ова прашање што е можно поскоро.

InterServer Web Hosting and VPS