Димитров и Борел разговарале за ЕУ-помош за Северна Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, телефонски разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, по донесувањето позитивна одлука од Советот за општи работи за започнување пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ, соопшти МНР.

Освен за одлуката на Советот, двајцата дипломати разговарале и за ситуацијата со коронавирусот.

„Беше конкретно разговарано за пренасочување на европските пари од други програми за Северна Македонија и дополнителна помош во борбата против пандемијата. Високиот претставник Борел ја поздрави одлуката на Владата на Северна Македонија да го активира механизмот на ЕУ за цивилна заштита“, стои во соопштението од МНР.

InterServer Web Hosting and VPS