Зошто некој не ѝ каже да не си го прави ова: Твитер „гори“ поради гостувањето на Ана Николиќ!

Пејачката Ана Николиќ гостуваше во емисијата „Амиџиќ шоу“ каде го промовираше својот нов албум „Клиника“, а за време на гостувањето на Твитер „вриеше“ од коментари на нејзина сметка.

Николиќ по породувањето се повлече од јавноста, а во меѓувреме како и самата што кажала, имала преку 100 килограм, додека пак сега е „преполовена“ и поради тоа се врати на јавната сцена.

Ана во емисијата зборуваше за своите килограми, кариерата, мајчинството… Во свој стил пејачката низ смеа и шега зборуваше за овие сегменти од животот, а поради тоа дел од Твитер заедницата се воодушеви, додека пак имаше и такви кои не се штедеа во критиките.

– „Што би кажала Ана Николиќ: Јас ако умрам од корона, ќе се убијам“, „Можеби ќе ја престгинам Беквалац. Не е лесно, но не е ѝ невозможно“, „Колку те боли к…. што си јавна личност од нула до Ана Николиќ“, „Ја раситнила петата банка“ – пишуваа на Твитер.

Меѓутоа, како што делуваше опуштено, за некои можеби и премногу, многумина коментираа дека Николиќ била пијана.

– „Колку си пијан од нула до Ана Николиќ“, „Строга мајка, пред се би рекла пијана мајка“, „Дај еден коњак на празен стомак“, „Иако ја сметам за позитивна будала, морам да признаам дека Ана Николиќ се повеќе потсетува на Бејби Дол со ова однесување“, „Зошто не и каже некој да не си го прави ова на себе“ – се некои од твитовите.

InterServer Web Hosting and VPS