Манекенката прозборе за најлошата година во својот живот и научените лекции

Нејзиниот живот на многумина им се чини совршен, но манекенката во овие тешки моменти, со своите следбениви на Инстаграм одлучи да открие дека вистината е далеку од тоа.

Иако нема навика на социјалните мрежи да открива детали од својот персонален живот, што и самата го напиша во објавата, одлучи да се отвори и со останатите да ги сподели научените лекции од својата „најлоша година во животот“.

„Оваа фотографија е направена при крајот на минатата година која беше една од најтешките години во мојот живот. Мама беше многу болна, а јас се борев со сериозна депресија и се се чинеше неизвесно. 2020 се труди да да биде уште полоша од минатата година, но сега сум посреќна бидејќи научив подобро да се грижам за себе“, открила манекенката и напишала дека, иако не го довела во ред својот живот, сака да ги сподели лекциите кои ги научила како мала утеха на сите кои моментално се чувствуваат осамено, тешко, уплашено и збунето.

Во галеријата сподели фотографија од своите белешки кои, како што откри, ги запишала на почетокот од 2020 година.

1. Трпението и напорната работа носат вистинско задоволство.
2. Не можете да ја контролирате туѓата перцепција и не давајте туѓата да ви го диктира животот.
3. Вашите чувства се секогаш оправдани и треба да ги почитувате. Тоа не значи и дека се реални.
4. Работите кои на другите им претставуваат успех не мора да ве усреќат и вас.
5. Бидете љубопитни околу себе и останатите и немојте да ги осудувате.
6. За љубовта е потребно да се откажете од контролата. Само така ќе ја примите и возвратете љубовта.
7. Светот не е ниту малку фер, но тоа не е изговор.
8. Да ја кажете својата приказна е ослободувачки.
9. Не плашете се да поставите прашање. Не постојат глупави и паметни луѓе, само љубопитни и оние кои не се такви.
10. Без оглед на тоа колку го сакте некого, доколку ги штитите луѓето кои ве повредиле, си штетите сами.
11. Трпението е прекрасна медитација.
12. Смеењето сами на себе е се.
13. За да бидете присутни, треба да бидете грижливи.
14. Луѓето кои ве сакаат се прекрасен подарок. Третирајте ги така.
15. Животот е прекраток за да се плашите од грешки.

InterServer Web Hosting and VPS