Трамп: Започнува лекувањето со хидроксихлорохин на заболените со Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на брифинг во Белата куќа дека лекот против маларија – хидроксихлорохин од денеска ќе почне да се употребува за лекување на пациенти заразени со новиот коронавирус.

– Со задоволство ви најавувам дека во Њујорк ќе започнат клинички испитувања за постоечките лекови кои можат да бидат ефикасни против новиот коронавирус. И наложив на федералната Влада да набави големи количества на хидроксихлорохин и лекот почнува да се употребува од денеска, рече Трамп.

Според институтот „Џон Хопкинс”, кој ги координира податоците на федералните и локалните власти, во САД се пријавени повеќе од 42,8 илјади случаи на зараза со новиот коронавирус.

InterServer Web Hosting and VPS