Стерлинг проговори за можноста да се врати во Ливерпул: Да бидам искрен…

Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг отворено проговори за можноста еден ден да се врати во неговиот поранешен клуб Ливерпул.

Стерлинг од 2010 до 2015 година го носеше дресот на „црвените“ по што за сума од 49 милиони фунти се пресели во таборот на „граѓаните“. Овој дел дел од навивачите на Ливерпул не му го заборавија и редовно го исвиркуваат кога Стерлинг со неговиот тим гостува на „Енфилд Роуд“, односно сметаат дека само за пари замина во Сити.

Сепак без разлика на се Рахим и понатаму го сака Ливерпул и не ја затвара вратата во иднина да се врати во старата средина.

-Дали некогаш би се вратил во Ливерпул? Да бидам искрен со вас јас го сакам Ливерпул. Немојте тоа да го извртите, тие секогаш се во моето срце. Тоа е тим што направи многу за мене додека растев, па…, -истакна англискиот репрезентативец.

InterServer Web Hosting and VPS