Секој ден од 18.30 на Јутјуб претстави од „Скопје танцов театар“

Скопје танцов театар секој ден, во 18:30 часот, бесплатно емитува претстави од сопствената продукција, во периодот на изолација кога сите сме дома.

Претставите ќе се прикажуваат преку Јутјуб каналот Skopje Dance Theater.

Со солиден број на прегледи вчера помина првата прикажана претстава „СМС“ (SMS – Soul, Mind and Something Else), во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, по музика на Дуке Бојаџиев.

InterServer Web Hosting and VPS