МНР организираше враќање на 63 македонски граѓани од Црна Гора

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја.

Со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможено е 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја.

Министерството за надворешни работи, воедно, упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.

InterServer Web Hosting and VPS