Напиток со кој треба да го замените утринското кафе

Наместо да го почнувате утрото со кафе, што и не е најдобар избор за пијалак на гладно срце, можете да го почнете денот со чаша свежо исцеден сок од лимон. Сокот треба да се приготви од вечер, и наутро е подготвен за пиење.

Сокот од лимон е чудесен антиоксиданс, богат е со витамин Ц. Меѓутоа, ако сакате навистина денот да ви почне добро, тогаш во сокот од лимон додајте и ѓумбир. Или, поточно, направете сок.

Потребно е:

1 литар вода
1 лимон
200 грама изрендан корен од ѓумбир,
мед или друг здрав засладувач по желба

Подготовка:

Состојките измешајте ги во блендер и убаво сомелете ги. Оставете го сокот да отстои преку ноќ и наутро ќе биде подготвен за консумирање.

Редовното консумирање сок од лимон и ѓумбир ќе ви помогне и во борбата со акните. Исто така, вака приготвениот сок може да биде исклучително корисен за оние кои што имаат проблеми со висок притисок. Особено ѓумбирот се покажува како корисен при стабилизирањето и одржувањето на нормалното ниво на крвниот притисок.

Лимонот и ѓумбирот се исклучително корисни за правилно варење и за добар метаболизам. Консумирајте го овој сок наутро како појадок може да биде корисен и за намалувањето на холестеролот и за намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест.

Освен тоа, при пад на имунитетот, овој сок може да биде навистина корисен и да ви го зајакне имунитетот.

InterServer Web Hosting and VPS