Porsche Taycan Cross Turismo пристигнува кон крајот на годината

Германскиот производител потврди дека електричниот Taycan ќе добие верзија со зголемен клиренс кон крајот на годината.

Porsche на голема конфенреција ги претстави своите продажни резултати за изминатата година. Во 2019 година овој бренд испорачал 280.800 автомобили, што е 10 проценти повеќе во однос на претходната, додека бројот на вработени пораснал за 2.919 лица, па во Porsche сега работат повеќе од 34.000 луѓе.

Производителот од Штутгарт најавува дека во следните четири години ќе вложи околу 10 милијарди евра во електрификација на својата гама. Porsche ќе создаде низа нови plug-in хибридни и електрични модели. Не само тоа, претставниците за медиумите на германскиот бренд истакнуваат дека очекуваат дека до крајот на деценијата половина од продадените возила на овој бренд да спаѓаат меѓу алтернативните автомобили.

Освен информации за минатогодишните резултати и најави за идни вложувања, Porsche сподели и нови информации за премиерите кои не очекуваат во блиска иднина. Така, кон крајот на годината на сцената ќе стапи и Porsche Taycan Cross Turismo.

Овој модел најпрво беше претставен во концептуален облик на Салонот за автомобили во Женева во 2018 година. Оттогаш мина релативно краток пат до сериската варијанта и практично наскоро ќе биде подготвен за своето деби. Јасно е дека Porsche планира од едниот погонски склоп кој го претстави со Taycan да извлече максимум, па треба да се очекуваат повеќе верзии од овој модел, а Cross Turismo поради својот изглед и „флерт“ со SUV сегментот ветува добра продажба, особено во Германија.

Освен новостите поврзани за Taycan, Porsche објави дека следната генерација на Macan ќе пристигне како електрично возило. Ваквиот електричен Macan ќе биде поставен на PPE платформа и ќе се појави на пазарот во 2022 година. Со цел да ја подготви фабриката за производство на SUV модели кои се напојуваат со електрична енергија, Porsche ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во фабриката во Лајпциг.

InterServer Web Hosting and VPS