Чулев: Не размислуваме за кризна состојба во Скопје, можни се поригорозни мерки!

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес конференција порача дека во главниот град Скопје не се размислува за воведување на кризна состојба, со оглед на тоа што бројот на заболени од корона вирусот во државава постојано расте.

„Сакам да се заблагодарам на сите прирпадници на МВР кои го даваат максимумот. Сакам да информирам дека на подрачјето на СВР Скопје, на 215 лица им се изречени решенија за изолација. Бројот на лица во самоизолација во Скопје е 1088, а на територија на цела држава достигна 3787. Во текот на изминатите 24 часа, МВР контролираше 182 лица за решение за изолација, а на територија на државата извршени се вкупно 390 контроли. Во текот на изминатите 24 часа, извршена е контрола на 712 лица во самоизолација. Од нив, 27 кои требало да бидат во самоизолација на територија на државата не се затекнати на адресите. Полициските службеници прават контроли двапати дневно на лице кои се во изолација. Што се однесува до ангажирање на резервниот полициски состав, сметаме дека тоа не е потребно. Но, доколку се промени ситуацијата, ќе се ангажираат и резервните полицајци. Не се размислува за воведување кризна состојба на територија на град Скопје. Сепак, тоа е одлука на владата. Ние го зголемивме бројот на полициски службенци кои се на терен, а може во наредниот период да се преземат поригорозни мерки“, истакна Чулев.

InterServer Web Hosting and VPS