Lexus го претстави првиот тетовиран автомобил во светот

Како почит на традиционалната јапонска уметност и занаетчиство, доаѓа и овој уникатен Lexus.

Славејќи ја фината изработка и традиционалната јапонска уметност, Lexus го нарача првиот тетовиран автомобил во светот. Ова уникатно толкување на компактниот теренец UX, е дизајнирано и создадено од водечката лондонска уметничка за тетоважа, Клаудија Де Сабе.

Користејќи чист бел автомобил како „платно“ и Дремел дипчалка наместо фина игла за тетоважа, Клаудија направила слика за воодушевување на јапонскиот кои крап по целото возило. Кои е мотив познат од традиционалната јапонска уметност и е симбол на среќа и упорност.

Клаудија ја симнала површинската боја и го обраболтила металот под неа за да создаде комплексен образец, а потоа рачно нанела пет литри висококвалитетна автомобилска боја за да ги наслика деталите. На крај, таа користела златни листови за да ги потенцира деталите и да постигне посилен 3Д ефект. Целата површина добила и заштитна обвивка од лак за да може безбедно да се вози на јавните патишта без можност за оштетување.

Процесот траел шест месеци од оригиналните цртежи, а „тетовирањето“ е направено за време од пет осумчасовни интензивни сесии. 

Тетовираниот UX нема цена, но проценетата работа чини околу 130.000 евра.

Клаудија за прв пат ги применила своите вештини на метална површина, а не на човечка кожа и открила сличности и нови предизвици во овој единствен потфат. 

“Кога тетовирате личност, треба да размислувате за мускулите и ткивата под кожата. На автомобил, тетоважата го менува изгледот на каросеријата”, рече Клаудија, на која во работата и помагал нејзиниот сопруг Јутаро, кој е роден во Јапонија.

„Најдоброто нешто околу тетовирањето на Lexus UX и причината зошто овој автомобил е идеален за проектот е неговата аеродинамична форма. Сè, од страничните линии до формата на прозорците, е многу динамично и убаво. Ова беше совршено за вклопување во самиот дизајн и концепт” , вели Клаудија, ко-основач на Red Point Tattoo Studios во Ислингтон.

InterServer Web Hosting and VPS