МТСП: Хигиенски пакети за семејствата што живеат во супстандардни услови

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дистрибуција на пакети со средства за лична хигиена и за дезинфекција за семејствата што живеат во супстандардни услови.

„Хигиенските пакети ќе им помогнат на оние на кои им се најпотребни полесно да ги спроведуваат мерките за избегнување на инфекција во домашни услови. Изминатите денови, тимовите од Центрите за социјална работа од Пробиштип, Тетово, Скопје, Ресен, Виница, Свети Николе, Крушево, Гостивар, Крива Паланка, Валандово и Куманово поделија пакети на над 400 семејства кои живеат во супстандардни услови. Во наредните денови акцијата продолжува и во другите центри.

Системот на социјална заштита непречено функционира, а центрите за социјална работа ги извршуваат активностите согласно потребите на граѓаните и мерките и препораките на Владата. Поддршката од заедницата е посебно значајна во кризни услови. Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје“ соопшти МТСП.

InterServer Web Hosting and VPS