Италија разгледува можност за воведување построги мерки за забрана за движење

Италијанските власти ја разгледуваат можноста да воведат построги забрани за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажале дека и натаму на улиците има премногу луѓе.

Во Ломбадија, регионот што е најмногу погоден од епидемијата, „40 отсто од луѓето и натаму се движат наоколу“, изјави за РАИ регионалниот секретар за здравство, Џулио Галера.

Овие податоци им биле отстапени од телекомуникациските компании , рече Галера, отфрлајќи ја тезата дека станува збор за повреда на приватноста , бидејќи се анонимни податоци, пренесува Хина.

-Никој не ги проверува граѓаните во манирот на Големиот брат, рече Галера.

InterServer Web Hosting and VPS