Храна која нема да ве здебели додека сте дома

Седењето дома не значи и зголемување на килограмите. Напротов, тоа значи дека сега конечно ќе имате време да посветите на вашиот начин на исхрана, да го доведете во ред и да создадете нова рутина. Така што, кога ќе се вратите на редовните обврски без проблем ќе почнете да го пракикувате.

Почнете со следните намирници:

Варен компир

За жал, кога луѓето почнуваат со некаков режим на исхрана, ги избегнуваат компирите. Но, не треба да биде така. Компирот е полн со витамини, растителни влакна и други важни хранливи материи. Тие исто така содржат т.н отпорен скроб кој во вашиот дигестивен систем делува како растворливо влакно, помагајќи да се чувствувате полни.

Јајца

Јајцата се друга храна што неправедно била демонизирана во минатото. Вистината е, јајцата се неверојатно здрави и богати со неколку важни хранливи материи. Јајцата се целосен протеин, што значи дека ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини. Покрај тоа, го задоволуваат чувството на глад во организмот. Повеќе студии докажуваат дека луѓето кои јаделе јајца за појадок биле позадоволни и консумирале помалку калории во текот на денот од оние што имале леб за појадок. Овој начин на исхрана помага да се намали индексот на телесна маса.

Овесна каша

Многумина мислат дека овесната каша е лоша на вкус, односно дека нема никаков вкус. Но, со соодветна подготвка, ова може да биде најубавиот оброк во денот. Овесната каша е богата со растителни влакна и впива вода, што предизвикува чувство на ситост, може да ви помогне да јадете помалку во текот на денот.

Супа од зеленчук

За течностите се смета дека помалку заситуваат отколку цврстата храна. Сепак, истражувањата покажуваат дека супите може да заситуваат повеќе пополнети од цврстата храна, доколку се јадат на почетокот на оброкот . Во една студија се вели дека испитаниците кои што јаделе супа пред оброкот, консумирале 20% помалку калории на тој оброк

Мешунки

Мешунките, како грав, грашок и леќа, се добро познати по тоа што се добри извори на растителни влакна и протеини. Имаат ниска калорична вредност што ги прави идеални намирници за губење на тежината.

И секако, многу овошје, зеленчук и течности на секојдневно ниво.

Извор: hybrid.mk

InterServer Web Hosting and VPS