Во Италија уште 345 починати, а во Шпанија 168 од новиот коронавирус

Во Италија во последните 24 часа од новиот коронавирус починале уште 345 лица, а бројот на потврдените случаи на зараза се зголеми за 3.526, со што билансот достигна 31.506 луѓе, а на починатите 2.503, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометар”.

Истовремено, во Шпанија во последното деноноќие од Ковид-19 починале 168 лица и со тоа бројот на смртни случаи во земјата достигна вкупно 510. Бројот на регистрирани заболени лица од новиот коронавирус се зголеми за уште 1.400, искачувајќи се на 11.409 инфицирани.

InterServer Web Hosting and VPS