Џон Оби Микел го раскина договорот со Трабзонспор од страв поради Covid-19

Нигерискиот интернационалец Џон Оби Микел го раскина договорот со турскиот клуб Трабзонспор од страв поради коронавирусот. Тој не сака да игра фудбал во оваа ситуација, а турскиот шампионат е еден од последните кој одолеваше на Covid-19.

„Има нешто позначајно во животот од фудбалот, тоа е здравјето. Не се чувствувам убаво и не сакам да играм фудбал во оваа ситуација. Сите треба да си одиме дома и да бидеме до своите семејства, да се грижиме за најблиските во ова критично време. Сезоната треба да биде суспендирана“, истакна Џон Оби Микел.

Поранешниот играч на Челси имаше договор со Трабзонспор до мај 2021 година.

InterServer Web Hosting and VPS