Крај за Герет Бејл во Реал Мадрид

Герет Бејл повеќе не е во плановите на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Оваа информација не е нова, но „Марка“ открива дека францускиот стручњак му порачал на Бејл дека нема да смета на неговите услуги во иднина, „кралевите“ се подготвени да направат радикален потег и клубот да плати обештетување.

На фудбалерот на Велс, договорот истекува за две години, но неговата огромна плата од 20 милиони евра, но и фактот дека поради Брегзит нема да биде играч од Европската унија, дополнително го оптоварува клубот, кој ќе му даде одврзани раце.

Бејл во Реал дојде во 2014 година од Тотенхем за 100 милиони евра, често поради повредите беше надвор од терените, но успеа да ги освои сите трофеи.

За „кралевите“ одигра 249 меча и постигна 105 гола, што пак не е лош учинок ако се земе во предвид времето кое го мина надвор од терените.

InterServer Web Hosting and VPS