Расправа со пиштоли во Ѓорче Петров

Скопје, 18 март- На 16.03.2020 околу 20.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, С.Р.(29) од с.Кондово, скопско, пријавил дека околу 17.40 часот на крстосница од ул.„Радушка“ и ул.„Борис Сарафов“, додека управувал со патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот, Д.Н. извадил пиштол и почнал да упатува навреди и закани кон пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

InterServer Web Hosting and VPS