Времето денеска сончево со умерен до засилен ветер

Сончево со мала до умерена облачност. Од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер.

Вакво време за денеска ни најавуваат метеоролозите од управата за хидрометеоролошки работи. Температурите во текот на утринските часови ќе се движат од минус три до три степени, додека во текот на денот од 11 до 19 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура.

InterServer Web Hosting and VPS