Од пладне, во текот на следните две недели, нема да има слободно движење во Франција

Mandatory Credit: Photo by CHRISTOPHE PETIT TESSON/EPA-EFE/Shutterstock (10572023s) Visitors wearing protective masks outside the pyramid of the Louvre Museum as they wait for the decision of the staff meeting on the coronavirus outbreak in Paris, France, 02 March 2020. The famous museum held a staff meeting because the museum's employees and guards feared to be contaminated by visitors's flow over coronavirus epidemic COVID-19 disease. The Louvre Museum shut down in Paris, France - 02 Mar 2020

Почнувајќи од денес напладне и за помалку две недели во Франција е забрането слободното движење, јави дописникот на МИА.

-Потребни се најмалку две недели да се блокира прогресијата на вирусот, рече францускиот министер за внатрешни работи Оливие Веран.

Во Италија, некои територии забележаа отсуство на нови случаи по 8-10 дена или најмногу 12 дена, одговори министерот за здравство, гостин на утринската програма на Франс Интер.

Сепак, експертите препорачуваат период на затворање од „најмалку две недели” во Франција.

-Се надеваме дека ќе ги видиме резултатите (од задржувањето) порано, но знаеме дека две недели е период неопходен за блокирање на прогресијата на вирусот, рече министерот.

Ако за 15 дена ситуацијата е задоволителна, се смири и тогаш можеме да ги укинеме сите или дел од мерките што ќе го направиме, увери министерот. Сепак, експертите препорачуваат „минимално” ограничување од 15 дена. Ако некоја друга бројка треба подоцна да им се соопшти на Французите, „ќе им го кажам тоа “, вети Оливие Веран.

На веб страницата на министерството за внатрешни работи секој кој треба да излезе надвор од својот дом треба да симне потврда за следниве потреби:

-патувања помеѓу домот и местото на работа или професионалната активност, кога се неопходни за вршење на активности што не можат да се организираат во форма на далечинско работење професионални патувања што не можат да се одложат,

-патувања за да се извршат основни набавки во овластени претпријатија,

– патување од здравствени причини

– патување од неодложни семејни причини, за помош на ранливите лица или грижа за децата

-кратки патувања, блиску до дома, поврзани со индивидуалната физичка активност на луѓето, со исклучок на каква било колективна спортска практика и потребите на домашните миленици.

За почитувањето на мерките ќе се грижат околу 100.000 припадници на силите на редот. Полицијата нема да ги опоменува Французите кои нема да ги почитуваат поставените забрани,  туку почнувајќи од наредните денови казните прво ќе бидат 38 евра, а потоа брзо ќе се зголемат на 135 евра.

InterServer Web Hosting and VPS