#SediSiDoma: Режисерот Пиперкоски на YouTube го објави филмот „Охрид градот на светлината“

Охридскиот режисер Илија Пиперкоски на YouTube ќе ги објави сите епизоди од неговиот филм „Охрид градот на светлината“, во знак на поддршка на акцијата #SediSiDoma за граѓаните да останат дома, во насока на справување со ширењето на Корона вирусот.

– Другари, сакам да ви покажам нешто. Јас, заедно со Фејми Даут, Самир Љума, Драган Алексов, Данчо Стевков, Оливер Тевчев, Александар Ивановски, Никола Митровиќ- Бабе, Алулоски Алимпие… работевме вредно неколку години и направивме филм од пет епизоди во кои слоевито раскажавме како се живеело во Охрид и околината, илјадници години. Како градот преживеал многу кризи од најразличен вид секогаш останал силен пред предизвикот. Ова е визуелна енциклопедија за градот Охрид. Од почетокот на времето до денес, порача Пиперкоски.

Автори на сценаријата се: Проф. Д-р. Вера Битракова-Грозданова, Проф. Д-р Цветан Грозданов, Археолог Паско Кузман, Проф. Д-р Павле Митрески, Проф. Д-р Драги Ѓорѓиев и Доц. Д-р Никола Митровиќ – Бабе. Телевизиската премиера на „Охрид градот на светлината“ се одржа на 1-ви мај 2017 година на првиот канал на националната МТВ.

извор: ОхридПрес

InterServer Web Hosting and VPS