Tesla почна со испорака на првите примероци на Model Y

За разлика од претходните новитети во својата гама, Tesla успеа да почне со процесот на испорака на Model Y порано од предвиденото, па првите купувачи веќе ги добиваат своите примероци.

Компанијата потврди дека процесот започнал, а засега Tesla не планира да ги намали активностите во фабриката во Фримонт и покрај заканата од коронавирусот.

Електричниот SUV кој го доби името Model Y ќе ја надгради понудата на Tesla во важен сегмент и се очекува да ја достигне популарноста на Model 3, a првите американски сопственици веќе гордо ги објавија фотографиите од испорачаните примероци.

Изведбата со седум врати, односно поевтината „стандардна“ изведба на Model Y ќе мора да се почекаат до 2021 година, – пренесуваат американските медиуми.

Изведбата со поголем досег која веќе се испорачува има автономија од 500 километри и доаѓа со почетна цена од 52.990 долари.

Фабриката во Фримонт продолжува да работи со полн капацитет, иако коронавирусот сериозно се шири и низ Калифорнија, а според „Блумберг“, Илон Маск испратил интерен мејл до вработените со кој им посочил дека не мора да доаѓаат на работа доколку почувствуваат некакви симптоми кои се поклопуваат со тие на опасната зараза.

ВИДЕО

InterServer Web Hosting and VPS