Ковач и Бркиќ сменети од функциите во хрватскиот Сабор

Претседателството и Националниот совет на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) донесе одлука за смена на Милијан Бркиќ од местото потпретседател на Саборот и на Миро Ковач од функцијата претседател на саборскиот Одбор за надворешна политика.

Бркиќ треба да биде заменет од Анте Санадер.

– Одлуката е донесена со консензус, изјави претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, кој во неделата повторно беше избран за партиски лидер.

Тој додаде дека тоа се важни функции, на кои треба да бидат именувани луѓе, кои апсолутно го поддржуваат курсот. Пленковиќ додаде оти сменетите функционери ќе останат пратеници.

Пленковиќ во неделата повторно е избран за претседател на ХДЗ со 81 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Миро Ковач доби 19 проценти. Томо Медвед е избран за заменик на Пленковиќ.

InterServer Web Hosting and VPS