ЕУ ќе извезува медицинска опрема на Балканот со посебна дозвола

Европската комисија соопшти дека извозот на медицинска опрема од ЕУ не е забранет, но дека е воспоставена шема со која ќе се бара посебна дозвола, што важи и за земјите од Западен Балкан.

„Извозот мора да биде одобрен со цел да се испорача медицинската опрема во земјите од регионот“, рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

На најавата на Европската комисија дека ќе организира извоз на одредена медицинска опрема во трети земји, во Брисел, појаснуваат дека не станува збор за забрана, туку за план за авторизација за извозот.

„Ова не е забрана, но е воспоставена шема со која земјите членки имаат можност да одлучат за извоз на специфична медицинска опрема во трети земји“, рече портпаролот на ЕК.

Во Брисел потенцираат дека поимот трети земји ги вклучува и земјите од Западен Балкан, кои се на патот кон пристапувањето во ЕУ.

InterServer Web Hosting and VPS