Во Турција нови 29 заболени од Ковид-19, бројката на заболени е 47 лица

Во Турција нови 29 заболени од Ковид-19, бројката на заболени е 47 лица

Турција соопшти дека до преземање на нова мерка ги прекинува групните молитви во џамиите, вклучително и големата петочна молитва, со цел да ја ограничи опасноста од ширење на коронавирусот.

Потребно е да се прекинат групните молитви во џамиите, изјави шефот на турската Управа за верски прашања, Али Ербас.

Тој истакна дека околу 90.000 џамии во земјата ќе останат отворени, доколку верниците сакаат да дојдат поединечно да се помолат.

Турција во последните денови ги заостри мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 во земјата. Според официјалните податоци, во Турција има нови 29 случаи на зараза и бројката на вкупно заболени е 47 лица од корона вирусот.

Турските власти вчера ставија во карантин илјадници верници кои се вратиле од Саудиска Арабија.

InterServer Web Hosting and VPS