Трамп забрани собири со повеќе од 10 лица

Американскиот претседател Дионалд Трамп воведе нова серија мерки за да го спречи ширењето на коорнавирусот, јавија американските медиуми

Меѓу нив се избегнување собири во групи поголеми од 10 лица, избегнување посети на ресторани, барови и трговски центри.

„Доколку се чувствувате болно, останете дома, не одите на работа. Доколку вашите деца се болни, не ги праќајте на училиште“ е една од мерките што ги воведе Белата куќа.

Американските медиуми пренесуваат дека Белата куќа ги советува американските граѓани доколку некој од нивните семејства заболи од коорнавирус, сите членови на тоа домаќинство да останат дома.

И повозрасните лица, како што се додава, треба да останат во своите домови и да ги избегнуваат другите луѓе.

Истата препорака важи и за лицата кои веќе имаат некои здравствени проблеми, како што се проблеми со срце или гради.

На американските ученици во училиштата и факултетите им се препорачува да работат од дома секогаш кога е тоа можно.

На граѓаните им се советува да избегнуваат да јадат и пијат по ресторани и барови, туку да ги користат услугите на доставувачите на храна или „драјв“ рестораните за брза храна.

На Американците им се советува и да водат повеќе сметка за личната хигиена и да избегнуваат посети на здравствените институции без некоја итна потреба.

Белата куќа, меѓудругото, препорача и во американскте сојузни држави каде веќе им регистрирани случаи на заразени со коронавирусот, да се затворат рестораните, баровите и вежбалниците.

InterServer Web Hosting and VPS