Чаша вода пред јадење за витка линија!

Доколку во текот на зимата малку сте се здебелиле, вистинско време е да се ослободите од вишокот килограми. Првиот и најважниот чекор е да водите сметка за тоа што и колку јадете, но тоа не значи дека мора себе си да се измачувате со строги диети.

Во намерата да постигнете посакуван ефект можат да помогнат многу трикови кои предизвикуваат чувство на ситост. Еден од проверените начини е да пиете чаша вода пред секој оброк.

Експертите советуваат дека дневно треба да пиете литар и половина вода, а веќе по еден месец или два можете да ги очекувате првите резултати.

На намалувањето на апетитот влијаат и растителните влакна бидејќи се добри за варењето и подолго се задржуваат во телото. Намирниците богати со растителни влакна се житарки, грав, боранија, јаболки, авокадо и бадеми.

InterServer Web Hosting and VPS